Ова се омилените бомбици на мојата помала сестра за време на постите.
Еве го нејзиниот рецепт.

Бомбици со слануток

Сланутокот одвечер се накиснува во вода.
Наредното утро, се процедува, односно се фрла водата во која киснел.
Во касерола се налива чиста вода, се додава сол, сланутокот и се вари околу 45 минути. Се проверува дали е добро сварен.
Се цеди, водата не се фрла.
Исцедениот слануток се става во блендер, се додаваат сите останати продукти и кратко се блендира.
се додава од водата во која се вареше, односно онолку колку што е потребно за да се формираат бомбици.
До колку се додаде повеќе од водата ќе се добие потечен намаз за на лепче, тост, двопек...
Се формираат бомбици и по желба може да се валкаат во сусам, магдонос, буковец...

Бомбици од урда

Во една вангличка се става путерот и се мати со миксер.
Постепено се додаваат урдата, павлаката и се мати убаво да се соедини.
Се додават исецканиот лук, магдонос, сусам, оревите.
убаво се промешува.
Се формираат бомбици кои се валкаат во буковец

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани