Една фина тава која нема да ве остави рамнодушни.
Тава полна витамини и здравје.
Сечете го зеленчукот на коцки. Истото важи и за кромидот. Пржете по ред, кромидот па тиквето, компирот, месото сечкано на коцки и се останато. Зачинете по вкус и ставете ловор. Пикантната домата додајте ја при крајот и полејте со вода колку да покрие. Ставете ја тавата во рерна и оставете рерната да си го направи своето. Повремено проверете до кај стасало испарувањето на водата. Открите го капакот и оставете тавата да си ја добие посакуваната боичка,па седнете си со топло лепче.
На здравје нека ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови