Количините на цвеклото, морковот и јаболкото се произволни, но од прилика би требало да бидат во ист размер. Значи ако е големо цвеклото, ставете 2 јаболки и 3-4 моркови.

1. Се лупат цвеклото, морковот и јаболкото.
2. Може да се изрендаат, но мене ми е многу полесно да ги исечкам со сецкото. Значи се ставаат во сецко (мулти практик) и се сечкаат ситно.
3. Се префрла смесата во чинија, се додава медот, маслото, оцетот и солта и добро се измешува.

Можеби ќе ве збунат јаболкото и медот во оваа салата, но ќе видите дека тие само го збогатуваат нејзиниот вкус. Салатата е многу освежителна и полна со витамини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани