Ставете водата да се вари и додадете солта. Откако ќе зоврие ставете го булгурот и варете на умерена температура. Откако и тој ќе зоврие варете го со постојано мешање додека да ја впие целата вода (околу 3-4 минути). Оставете да се излади.
Тиквичката излупете ја и изрендајте ја на крупната страна од рендето. Ставете во цедалка убаво да се исцеди. Морковот исто изрендајте го на крупно. Кромитчињата исечкајте ги ситно, а лукот поминете го низ преса за лук.
Откако булгурот убаво се изладил ставете ги сите состојки и замесете смеса како за плескавици.
Со влажни или намастени раце земајте од смесата и формирајте плескавици, па пржете ги во врел зејтин. Оставете ги на кујнска хартија да се исцеди вишокот од маснотија и послужете ги топли со прилог по ваша желба.

Јас користев темен, мелен булгур (од црвена пченица), а секако дека може да се користи и од другиот, светлиот булгур.
Бургерите правете ги повисоки за полесно да можете да ги вртите при пржењето, инаку може да ви се искршат, распаднат.
Од оваа смеса мене ми излегоа 12 бургери.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани