Прво во вангличка се ставаат јајцата и солта и убаво се матат.
Постепено се додава маслото, киселото млеко, соединетите пециво и брашно, ренданото сирење.
Убаво се промешува.
Калап за мафини се намрсува и се наросува со малку брашно.
Во секое дупче се става по една не многу полна лажица од смесата.
Врз смесата се става луканка, а во мојов случај тоа беше чајна и се покрива со по една лажица од смесата.
Се печат на 190 степени околу 25 минути, односно додека не добијаат златна боја.
Изладени се декорираат со кисела павлака и магдонос.
Се служат со јогурт или кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани