1. Квасецот се става во 100 мл млако млеко со малку шеќер и малку брашно да стаса.
2. Брашното и сите останати состојки, заедно со стасаниот квасец се замесуваат и тестото се остава да одмори околу 30 мин
3. Се размесува тестото и се расукува кора со дебелина околу 5 мм
4. Од кората се сечат кругови со чаша или пак прстени со две чаши - една помала една поголема
5. Додека се досечат последните кругови, првите веќе стасуваат по втор пат и може да се почне со пржење
6. Во подлабоко тенџере или во фритеза со повеке масло за јадење, врело, се пржат крофничките
7. Уште додека се топли се валкаат во шеќер во прав и се служат (најдобро со чаша млеко)
  Пријатен апетит !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани