Ова е повеќе идеја отколку рецепт, за нешто на брзина кое верувам дека сите го правеле и јаделе, само малку збогатено со додаток-ориз. Лето, жешко е и не ни се седи долго над шпорет, а треба сепак да се јади...

Во тавче со масло напрво пропржете ги издробените пиперки. Кога убаво ќе омекнат, посолете и додадете ги дробените домати, кои ако имате желба и време можите да ги излупите предходно. Пржете додека доматите се спојат со пиперките и го испуштат својот сок. Е тука е моментот за доматното пире. Него ставете го опционално. Доколку ви се доволно сочни доматите, можи и да го прескочите или намалите/зголемите во количина.
Во меѓувреме сварете го иnстант оризот. За него потребни се 15 минути само. Кога малку ќе подолади и исцеди, распарајте ја кесичката и вмешајте го во тавата со пиперки и домати. Досолете спрема вкусот и готово, време е за летниот ручек и тоа посен -) а, ако не постите, обавезно сервирајте со сирење -)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани