Јаболките се лупат и се рендат од едрата страна на рендето-сокот од нив се процедува. Бисквитите се мелат и се стават кај јаболките.
Во тенџере на оган се става маргаринот да се растопи, па се  додава шеќерот и какаото.Кога ке се олади смесата се истура врз јаболките и бисквитите, се меша убаво со рака и се формираат бомбиците.
На крај се украсуваат со кокос, шарени мрвици, со мелени ореви и се ставаат во хартиени корпи.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови