Оваа баклава ја правам скоро 25 години и секогаш на моите им е највкусна.
Ме потсетува баклавата на мојот роден град, на детските игри, на школото, на празниците на БЕЗГРИЖНОСТА во душата...

Се земаат 3 кори и на секоја кора се прска со мало лајче масло. На третата кора се става фил и се витка во ролат.
Од сите кори излегуваат по 7 ролати кои се редат во голем плех од релна. Се сечат по желба и се полива секоја кора со по 1 лажица масло. Се печи во загреана рерна на 180/25мин. Кога ќе се олади се полива со топол шербет.

Шербет
1 200гр шеќер, 750мл вода се вари до вриење. Од кога ќе зоврие се трга настрана и се остава меурчињата да се смират. Потоа пак се враќа шербетот на рингла и кога пак ќе зоврие се трга настрана и пак се чека да се смири шербетот и уште еднаш се прави до 3 пати и на крајот се става лимонот исцеден. Се остава 3 мин да олади и потоа се попарува ладната баклава. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани