Пиперките ги печеме и лупиме. Излупените пиперки ги оставаме во цедалка да се исцедат, а водата од нив ја собираме во сад.
Кога пиперките ќе се исцедат најмалку 2 часа ги сецкаме на даска за сецкање. Во шерпа го ставаме зејтинот, водата од пиперките, есенцијата и шеќерот. Сето тоа треба добро да се загрее, а потоа ги додаваме и пиперките. По 15 мин ја додаваме и солта. Пржиме уште 1 час и сето тоа го собираме во тегли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови