Накратко за заштитата на личните податоци

Заштитата на личните податоци на нашите купувачи е многу важна за нашата компанија.
Сите интернет активности на Студио Модерна кореспондираат со европските закони (EU Directive 95/46/EC, 2002/58/EC and Treaty Conventions ETS 108, ETS 181, ETS 185, ETS 189) и локалните закони на земјите од Централна и Источна Европа
Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со Законите за Заштитата на личните податоци.

Прибирање и обработка на лични податоци

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пр. Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. Студио Модерна не прибира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пр. кога нарачувате или се пријавувате за е- магазинот.

Употреба и чување на личните податоци

Студио Модерна ќе ги употреби вашите лични податоци исклучиво за технички потреби за интернет страната, за да ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со вас. Студио Модерна ниту ќе ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот. Вработените во Студио Модерна се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Слобода на Избор

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на Студио Модерна. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци на Студио Модерна, Ве молиме имајте во предвид дека може да не ви бидат достапни некои делови од интернет страницата. Корисниците кои ќе одлучат да се одјават од нашиот магазин така што ќе ни напишат на unsubscribe@studio-moderna.com

Автоматски снимени податоци(не-лични податоци)

Кога ќе се вклучите на интернет страницата на Студио Модерна, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страницатата) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата интернет страница и за да ја подобриме содржината и функционалноста. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

Cookies

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата интернет страна да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет страницата на Студио Модерна. Студио Модерна ги употребува Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата интернет страница.

Безбедност

Студио Модерна се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап.

Малолетници

Студио Модерна им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на Студио Модерна без дозвола од нивните родители или старатели. студио Модерна никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола од страна на родител или старател.

Врски со други интернет страни
Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на сите официјални страници хостирани од Студио Модерна и сите нејзини филијали во Централна и Источна Европа. Интернет страниците под оваа страна може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од Студио Модерна, на кои што оваа изјава за затита на личните податоци не се однесува. Кога ќе ја напуштите интернет страницата на Студио Модерна, Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги изјавите за лични податоци на секоја интернет страница.

Право на информации

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив; Ве молиме контактирајте го нашиот претставник.
Студио Модерна, Иван Милутиновиќ бб, 1000 Скопје, Тел.02/ 3094-511
На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на интернет страните на Студио Модерна.

Објава за промени
Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Последна промена: септември 2011

  • Во никој случај нема да ги злоупотребуваме вашите лични податоци.
  • Никогаш нема да ги делиме со трета страна, освен ако законот го бара тоа од нас.
  • Никогаш нема да ви праќаме e-mail пораки за кои вие не сте дале согласност, со исклучок на пораки поврзани за купувањето.
  • Во секое време ќе ви дозволиме, брзо и лесно да се откажете од примањето на електронски пораки од нас.

Детали за Заштитата на личните податоци

Изјава за заштита на личните податоци во Студио Модерна