Денес ќе готвиме заедно со Надица, готвач член на нашата веб-страница. Надица ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Жаби и желки со спанаќ.

Весели форми на пециво со спанаќ. Декоративен и вкусен рецепт, вистинско уживање за најмалите, но и за возрасните.

Подготовка

Чекор 1: Исечкајте го спанаќот ситно. Измешајте ги брашното, шеќерот, солта и останатите состојки. Со млакото млеко замесете мазно тесто. Оставете го да нарасне околу триесет минути.

Чекор 2: Откако ќе нарасне тестото, премесете го и поделете го на 10 топчиња. Секое топче што ќе биде жаба поделете го на две помали и едно поголемо топче. Големото топче пресечете го на два дела од кои ќе је формирате главата на жабата, а од малите делови направете ги очите на жабата. Во делот кај устата ставете ги виршлите. Покријте ги виршлите со тесто на краевите, за да не излезат при печење.

Чекор 3: За желките топчето поделете го на 4 мали делови за нозете, едно средно топче за главата и најголемото топче за телото на желката. Во топчето за тело на желката ставете исечкани кашкавал и шунка. Направете очи од црвен бибер.

Нам ни излегоа 5 жаби и 5 желки.

Чекор 4: Наредете ги во тава и оставете ги да нараснат 15 минути.

Печете ги во загреана рерна на 160 степени, 15 минути, или додека не пожолтат.

Сервирајте ги по желба, со кечап, сенф или јогурт.

СОВЕТ: За да не им лути биберот на малите деца, место бибер можете да користите црно семе, лен или семки по ваш избор.