Како што пишав во претходно објавените рецепти, месецот август кај нас е најсреќниот месец.
Сите родендени и куќната слава ни се во тој месец.
По тој повод правам многу благо,а дел од подготвеното,оваа година беше и роденденската торта на мојата помала ќерка Сара.

Ова е една идеја, како да направите роденденска торта од мафинки.
Желбата беше да направам еднорог.
Тогаш,ја направив прво шемата од хартија, а потоа пресметав колку мафинки се потребни.
Според шемата имав потреба од 16 мафини.

Ги подготвив по основна рецепта за мафинки.
125гр путер
125 гр шеќер
125мл млеко
2 јајца
250 гр брашно
1 лажиче пециво
1 паковка ванила

Откако ќе ја подготвите смесата, разделете ја во чинивчиња. Додадете боја во чиничињата, па печете ги мафинките.
Ќе добиете разни шарени мафинки.
Откако се печени, па изладени, се длабат во средина и се полнат со шарени ситни декоративни бонбони, па се затвараат со парчето пандишпан што го извадивте при длабењето.

Се редат според шемата ,па се покриваат за претходно подготвен и изладен крем.
Крмот направете го лесен, нека е по ваша желба.
Јас го направив со путер, шеќер во прав, млеко и пудинг од ванила.
Откако ќе ја оформите тортата, ставете ја да стегне малку филот, а потоа полејте ја со чоколадна бела глазура.
Со калапи, вадете ги потребните парчиња фондан и украсувајте ја главата на еднорогот.
Како рог можете да користите корнет за сладолед, а ако не се снајдете можете да искористите пиперка, па обложете ја со фондан.

Ова е мојата декорација, која придонесе многу за среќата на мојата ќерка.
Ако ви се допадна, израдувајте ги и вие вашите најмили.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови