Фичо ќе ни подготви вкусна торта со ароматично тесто од лимон и боровинки, и фил со вкус на крем сирење.

Подготовка

Чекор 1: Најпрво пригответе го закиселеното млеко - Buttermilk. Во една шолја млеко додадете го сокот од еден лимон. Промешајте, оставете да отстои 5 минути и млекото е спремно за употреба.

Чекор 2: Пенесто изматете го путерот, додадете го шеќерот и кафеавиот шеќер и матете додека смесата не се изедначи. Додадете ги јајцата и екстрактот од ванила или ванилиниот шеќер и продолжете со матењето додека не добиете хомогена смеса.

Чекор 3: Во посебен сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и малку сол. Додадете ја претходно изматената смеса со јајца и матете додека смесата не се изедначи. Додадете го и закиселеното млеко, кората од лимон и сокот и мешајте со лажица да се изедначи. Многу е важно смесата да не ја прематите.

Чекор 4: Боровинките извалкајте ги во брашно и лесно промешајте ги низ смесата. Подобро е ако боровинките се смрзнати, инаку може да го обојат тестото.

Чекор 5: Печете во загреана рерна на 180 степени 20-25 минути. Проверете со чепкалка дали е готово.

Чекор 6: За кремот убаво изматете го крем сирењето, околу 3 минути. Матете на помала брзина и додавајте го шеќерот во прав, ванилата и малку сол. По потреба додадете 1 голема лажица слатка павлака за да добиете густ крем.

Чекор 7: Филувајте, декорирајте по желба и оставете да се стегне.

СОВЕТ: Користете закиселено меко бидејќи дава влажност на тестата, пандишпаните и колачите да бидат меки и сочни.