Иако не сум фан на чизкејк, овој го направив за драги гости и е еден од најубавите кои што сум ги направила. Без пукнатини, брзо и лесно..

- Ги мелиме кексите, го додаваме растопениот путер и добиената смеса ја распоредуваме еднакво во калап број 26. Оставаме во фрижидер да се стегне додека го спремаме филот.
- Со миксер ги матиме сите состојки за филот освен јајцата. На крај ги додаваме јајцата едно по едно, притоа добро матиме до соединување. Смесата ја истураме над приготвената подлога.
- Калапот за печење го обложуваме со алуминиумска фолија од сите страни и од долната за да не пропушта вода и го смесуваме во подлабок плех, кој го полниме до 2/3 со вода. Ставаме да се пече во загреана рерна на 170 Ц 45 минути.
- Тортата после 5-10 минути полека со нож ја одлепуваме од калапот и оставаме целосно да се излади. Идеално е преку ноќ во фрижидер.

Напомена
Тортата може да се премачка со фил од овошје, мармалад или кисела павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови