Денес ќе готвиме заедно со Маја, готвач член на нашата веб-страница. Маја ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Свадбарски пирошки.

За да не ја чекате следната свадба за пирошките како предјадење, одлучивме да ви помогнеме и да ви покажеме како сами да ги подготвите дома.

Подготовка

Чекор 1: За подготовка на палачинките, најпрво изматете ги јајцата, па додајте го млекото, брашното и солта. Измешајте додека добиете рамномерна смеса, па испечете палачинки. Ние од оваа смеса направивме 10 палачинки.

Чекор 2: Подгответе го филот така што ќе ги исечкате ситно сите состојки, а потоа измешајте ги во една смеса. Изматете ги јајцата за похување.

Чекор 3: Секоја палачинка наполнете ја со филот и замотајте ја како пирошка. Потоа извалкајте ја во јајце, па во презла и пржете ја од двете страни додека убаво не зарумени.

Чекор 4: Сервирајте ги со декорација од свеж зеленчук.

СОВЕТ: За да го постигнете вистинскиот вкус на овие пирошки, ви препорачуваме да ги следите упатствата за подготовка на филот и похувањето, додека палачинките може да ги подготвите според вашиот омилен рецепт.