Фичо ќе подготви раскошен сендвич со месо, печурки и сос. После овој рецепт, критериумот за добар сендвич ќе ви биде многу повисок.

Подготовка

Чекор 1: Прво пригответе го сосот. Измешајте ги убаво состојките и премачкајте ја руколата.

Чекор 2: Месото испржете го. Додека месото се пржи исечкајте го кромидот на кругови и печурките на листови. Кога ќе биде готово месото, тргнете го на страна.

Чекор 3: Испржете ја и сланината на силен оган и ставете ја врз кашкавалот.

Чекор 4: Сечканите печурки испржете ги на путер и тргнете ги на страна. Пропржете го и кромидот со шеќер и балсамико. Само колку да се глазира, да не се препржи.

Во истата тава во која што се пржело месото, запечете го лепчето, да прими од соковите што ги пуштило месото.

Чекор 5: За крај наредете го сендвичот. Долното лепче премачкајте го со сосот, горното со Дижон сенф, ставете марула, каре, ементалер кашкавал и врз кашкавалот топол кромид за да се растопи. Врз кромидот ставете ги печурките.

Сервирајте.

СОВЕТ: Ова е предлогот на Фичо за совршен сендвич. Ако имате ваш омилен сендвич, споделете го со нас.