За рататуј можеби знаете од класичниот филм на Дизни... Овој рецепт не се разликува многу од јадењето подготвено во филмот... Рататуј е шаренолик и здрав начин да сервирате јадење од зеленчук во Вашиот дом.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 1 модар патлиџан со средна големина
  • 1 тиквичка со средна големина
  • 2 цели домати
  • 1 жолта пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 1 црвена пиперка
  • 2-3 чешниња лук
  • 3 супени лажици доматно пире
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Вид на оброк: Предјадење
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.

Подготовка

Чекор 1: Време е за сечкање. Најголемиот дел од подготовката на Рататуј е во сечкањето... Како јадењето ќе изгледа на крајот зависи од начинот на сечкање на состојките.
Почнете со сечкање на модриот патлиџан на крукчиња...

А потоа и тиквичката... Ако најдете модар патлиџан и тиквичка со сличен пречник, тоа ќе Ви помогне подоцна. И доматите исечкајте ги на крукчиња...

Следни исечкајте ги пиперките. Извадете го семето, и исечкајте ги по широчина... Овде користиме пиперки со различни бои за на крајот да добиеме привлечен ефект за презентацијата.

Чекор 2: Земете ја Делимано тавата за печење и намачкајте го дното со доматно пире. Погрижете се да го прекриете целото дно.

Сега сите состојки слободно ќе ги наредиме во тавата... За оваа постапка нема вистинско правило, но се обидуваме зеленчукот да го распоредиме рамномерно, во слоеви.
Кога ќе завршите, расејте го исечканиот лук одозгора.
Попрскајте ја смесата со маслиново масло.
Потоа и со сол и бибер.

Чекор 3: Ставете ја тавата во рерна на температура од 150 степени околу 35 минути.

Чекор 4: Кога ќе биде готово извадете ја тавата од рерна... и спремни сте за сервирање.

Чекор 5: Време е за сервирање: Наредете го јадењето во чинија, трудејќи се да добиете добра застапеност на различните видливи состојки.

СОВЕТ: Овој рецепт корените ги влече од Франција и го комбинира богатиот и вкусен зеленчук на шарен и привлечен начин... Можете да го сервирате самостојно или како гарнир на главното јадење... Зошто да не го измешате со паста или кус кус?

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер