Еве едноставен начин на пржените јајца за појадок да им дадете импресивен изглед. Маслинките, чери доматите и сувите билки сигурно ќе му дадат ново руво на вашиот просечен појадок… Не само што изгледа подобро, има и подобар вкус!

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 4 јајца
  • Една рака црни и зелени маслинки
  • Една рака чери домати
  • 1 кафена лажичка суво оригано
  • 1 кафена лажичка суви чили пиперчиња
  • Ладно цедено маслиново масло
  • Квалитетен леб
  • Сол и бибер

Подготовка

Чекор 1: Време е за сецкање: Прво исечкајте ги чери доматите на тенки парчиња…

Потоа земете ги маслинките… Овде користиме зелени и црни маслинки заради разновидност… Пресечете ги на половина и извадете ги семките, ако се со семки…

Чекор 2: Потпечете го лебот на грил тавата... Делимано грил тавата на лебот му дава одлична боја со златни линии по должината на лебот…

Чекор 3: Време е за пржење: Ставете малку високо квалитетно маслиново масло во тавата за пржење додека таа се загрева и почнете да ги пржите маслинките и чери доматите... Сакаме вкусовите на овие состојки да се спојат со маслото. Потрудете се убаво да ги зачините со сол и бибер.

Направете место на средината од тавата и ставете 2 јајца… Покријте ги додека се пржат со сувото оригано и чили пиперчињата… Оставете ги јајцата да се пржат на среден оган преливајќи ги со жешко масло одозгора за да го завршите процесот на подготовка…

Чекор 4: Време е за сервирање: На чинија ставете го потпечениот леб и потоа врз него ставете ги јајцата и обилна количина од другите состојки…

СОВЕТ: Ова се класични медитерански вкусови… Зошто да не се обидете јајцата да ги комбинирате и со други состојки, кои ќе ги додадете во раната фаза од подготовката за тие да се готват заедно со јајцата и да се спојат со нив.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Грил тава ; Тава за пржење
Грил таваТава за пржење