1. Се раствора квасецот во млако млеко, со малку сол и се остава да нарасне.
2. Се замесува тесто од сите состојки, се остава да кисне ,се измесува добро и се сука кора дебела околу 1 см.
3.Со калапче се вадат во форма на стапалки , се премачкуваат со жолчка и на прстињата се става по едно зрно суво грозје.
4. Се печат во тепсија намачкана со маргарин околу половина час.

Напомена Слатките се месат по повод проодување на малите деца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови