Декоративно, вкусно, ма одличноооо

Прво на вообичаен начин се замесува тестото.
Во вангличка се ставаат шеќерот, квасецот и водата. Убаво се промешува.
Нека одстои 10 минути.
Потоа се додаваат солта, гризот, маслото и постепено од брашното.
Се замесува тесто.Треба да биде понамеко замесено.
Се остава да кисни 30 минути.
Потоа повторно се размесува тестото и нека кисни 20 минути.
Јас го поделив тестото на 2 дела и добив 2 големи пици.
Вие ако сакатае помали пици поделете го на 3-4 дела.
Оставете околу 1/3 од тестото на страна.
Другото тесто развлечете го во округли кори и ставете ги во округла голема тава за печење, но нека не биде до крајот растегнато тестото.
Сега од оставеното тесто расукајте долгнавеста правоаголна форма, но тенка.
Ставете виршли на крајот и замотајте ги како ролатче.
Сечете парчиња со големина од 2-3 цм.
Редете ги околу пицата. Секое парченце јас го премачкав со маслиново масло и наросив по малку сусам.
Средишниот дел се премачкува со кечап, се наросува со оригано, се става шунка, кашкавал, шампињони и оди на печење на 220 степени околу 5-7 минути.
Со ладно пиво или бело вино одличноооо

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани