Погледнете го видеото за да дознаете како да подготвите Пилешко Тика Масала.

Подготовка

Чекор 1: Без капак, вклучете STEW FUNCTION и загрејте го путерот додека да престане да пени. Додадете ги кромидот, лукот и ѓумбирот. Потпржете ги со повремено мешање, додека малку заруменат, околу 5 минути.

Чекор 2: Додајте кумин, црвен пипер, кориандер, куркума, буковец и црн пипер. Гответе со постојано мешање, да се испуштат аромите (околу 30 секунди). Додајте ги сечканите домати и спанаќот. Покријте и гответе, со повремено мешање, додека спанаќот да омекне, околу 2 минути.

Чекор 3: Додајте половина од магдоносот (или кориандер), пилешкиот бујон и месото. Измешајте рамномерно. Притиснете CANCEL.

Чекор 4: Затворете го капакот и отворот за ослободување на притисокот. Притиснете MEAT FUNCTION и наместете го тајмерот на 15 минути.

Чекор 5:Тргнете го капакот, додајте ја павлаката за готвење, наутот, половина сок од лимон и крчкајте, со повремено мешање, додека да згусне. Додајте го остатокот од сокот од лимон и посолете по вкус. Послужете веднаш, наросено со остатокот од магдоносот.