Фичо ќе подготви пилешки батаци во маринада на Јамајкански начин.

Подготовка

Чекор 1: Засечете ги батаците за да попримат од мирисите и вкусовите.

Чекор 2: Сите состојки за маринадата убаво измешајте ги. По желба, за уште поегзотичен вкус, додајте и сечкан ананас.

Чекор 3: Загрејте ја Вок тавата и запржете ги батаците, само колку да се затворат порите. Додадете Ворчестер сос и ставете ги да се печат. Печете на 200 степени 20 минути.

Чекор 4: Додека се печат батаците, подгответе ја подлогата за сервирање. Исецкајте малку црвена и зелена пиперка и измешајте ги со малку сусам и маслиново масло. Исецкајте малку Ајсберг салата и додадете ја во пиперките. Измешајте и подлогата за сервирање е готова.

СОВЕТ: Уште подобро е ако го оставите месото да отстои во маринадата неколку часа пред да го готвите .