Фичо ќе ни покаже едноставен, а вкусен рецепт за печено пиле, надополнето со свежа салата и вкусен прелив.

Подготовка

Чекор 1: Пилето премачкајте го со маслиново масло и лимон. Полека со рака одвојте ја кожата од месото за да направите простор во кој што ќе додадете неколку листа жалфија.

Поставете го пилето на апаратот за печење и со четче премачкувајте со пиво во текот на печењето. На тој начин кожата ќе стане покрцкава и повкусна.

Чекор 2: Додека пилето се пече, пригответе ја салатата. Марулата исечете ја на тенки ленти, руколата исто така, а од јаболкото ќе исечете тенки парчиња. Со алатката за лупење ќе направите тенки ленти и од краставицата, а ќе исечкате и малку виолетова зелка. Додадете малку жалфија, зачинете со сок од лимон и сол по вкус.

Чекор 3: За да го приготвите преливот за салатата, само убаво измешајте ги состојките додека да добиете хомогена смеса.

Чекор 4: Сервирајте го готовото пиле заедно со салатата, како што го прави тоа Фичо во видеото.

СОВЕТ: Делимано Апаратот за печење месо овозможува вкусен начин да испечете пиле во вашиот дом. Доколку не сакате жалфија, ставете зачини по желба.