Фичо ќе прави вкусни лиснати пецива, полнети со фил од мелено месо и печурки, одлични за ручек, но и за калоричен појадок.

Подготовка

Чекор 1: Во млака вода растворете го Фантот и оставете го да одмори.

Чекор 2: На рингла ставете ја Вок тавата да се загрее на средна температура. Месото додадете го во тавата и пржете го со малку масло. Мешајте со дрвена лажица и постојано разделувајте го на најситно за да не се направат поголеми парчиња. Откако ќе зарумени додадете го Фантот.

Чекор 3: Додека месото се запржува исечкајте ги печурките и додадете ги во тавата. Печурките ќе го впијат сосот што го испушта месото. Ситно исечкајте пола китка магдонос. Додадете го откако ќе се запржи месото. Промешајте и оставете да се подолади.

Чекор 4: Лиснатото тесто расукајте го во големина на панцерота или поделете го на еднакви делови. Премачкајте ги панцеротите со кечап, можете и со сенф (не е задолжително) и наполнете ги со филот. Затворете ги со виљушка за да не се отворат при печење.

Чекор 5: Печете во загреана рерна на 200 степени 20 минути, или додека не добијат убава златна боја. Сервирајте!

СОВЕТ: Ви препорачуваме да го пробате овој рецепт со сите состојки, како што го правеше и Фичо. Нас не воодушеви.