Овој едноставен рецепт за тестенини е класичен Италијански вкус во Вашата чинија… Неколку богати и силни вкусови измешани во совршена комбинација. Ние користиме школки и капра, но Вие како замена можете да ставите други морски плодови.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 2 грста школки (свежи или замрзнати)
  • 1 грст капра
  • 150 грама лингвини
  • 1 главица црвен кромид со средна големина
  • 150 милилитри павлака
  • 1 чаша бело вино
  • 1 грст магдонос
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Време е за сечкање: Земете го црвениот кромид... во продавница одбравме голема главица затоа што така ќе добиеме подолги ленти кога ќе го исечеме кромидот на кругови.

Исечкајте го магдоносот за гарнирање на крајот.

Чекор 2: Испржете го и издинстајте го црвениот кромид со маслиново масло, сол и бибер... Сакаме да го омекнеме на среден оган...

По неколку минути, додадете го виното…

Потоа ставете ја павлаката и дозволете ѝ на смесата да се измеша….

Следни ставете ги школките и зрната капра...

Крчкајте ја смесата 5 минути на средно силен оган.

Чекор 3: Време е да ги свариме лингвините. Ставете ги во зовриена вода со маслиново масло и сол… Лингвините имаат поинаква форма и текстура од шпагетите. Формата на лингвините е одлична за комбинирање со морски плодови. Ако сакате тестенините да бидат главна состојка на ова јадење, Ви препорачуваме да сервирате лингвини наместо шпагети.

Чекор 4: Време е за сервирање: Измешајте го сосот со лингвините и со лажица ставете во чинија….

На крај, гарнирајте го јадењето со магдонос.

СОВЕТ: Тестенини со вкусот на морето во чинија. Лингвините со морски плодови се прекрасен спој на бело вино, морски плодови и павлака... Овде користиме Шардоне, чија арома на лимон одлично го дополнува вкусот на школките. Можете да си земете и чаша вино и да уживате во јадењето!

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола ; Тава за пржење
Касерола
Тава за пржење