Едноставни и многу вкусни колачиња, традиционални, индиски. Кој слушнал за индиската кујна, мора да слушнал и за ладу – тие се некаде на врвот на листата на нивните специјалитети. Се прават од мелен, а потоа пропржен во путер наут и им се додаваат јатки и зачини според желба, за да се специфицира вкусот. Јас ги избрав циметот и ванилата, а во многу други рецепти како опција ги сретнав кардамомот и куркумата. Прилагодете си ги и пробајте ги!

1. Се топи путерот на тивок оган (по можност во вок тава, или во некоја подлабока и нелеплива).
2. Откако се стопил путерот, се додава наутот, се пржи се додека не ја смени бојата, и цело време интензивно се меша (10 - 15 мин.).
3. Потоа се додава шеќерот во прав и се меша уште неколку минутки, да се соедини се.
4. Се додаваат и претходно припремените јатки, па се продолжува со мешање додека да се изедначи целосно смесата.
5. Циметот и ванилата се додаваат на крајот, се трга садот од оган, се промешува убаво.
6. Откако смесата ќе се излади малку, од неа се прават топчиња со сакана големина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови