Ако некогаш отидете во Париз, сигурно ќе ги разгледувате излозите на фантастичните пекари каде се служат торти и слатки пецива кои ги поместуваат границите на креативноста и вкусот на сосема ново ниво. Еве едно класично пециво од Француските пекари во кое можете да уживате претпладне со шолја кафе.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 500 грама кори за лиснато тесто
  • 4 кајсии
  • 240 милилитри млеко
  • 55 грама бел шеќер
  • 1 жолчка од јајце и едно цело јајце
  • 15 грама нишесте
  • 20 грама путер
  • 1 кафена лажичка екстакт од ванила

Подготовка

Чекор 1: За овој рецепт прво треба да го направиме кремот за пецивото. Тоа е класичен богат фил совршен за сите видови Француски пецива…

Полека загрејте го млекото заедно со 25 грама шеќер… Додека се загрева, изматете ги жолчката од јајце и целото јајце заедно, а потоа ставете го пченкарниот скроб и преостанатиот шеќер и мешајте додека да се спојат состојките.

Внимавајте на млекото и не оставајте го да зоврие... Со прст проверете дали е жешко… Почнете полека да го сипувате во смесата од јајца, скроб и шеќер и бидете трпеливи, полека пресипувајќи го млекото од едното во другото тенџерче. Тоа и овозможува на смесата да се спои и не му дозволува на топлото млеко да ги свари јајцата.

Чекор 2: Вратете ја целата смеса назад во тенџерчето и продолжете да ја загревате, постојано мешајќи додека смесата да почне да се згуснува... Ставете ги путерот и екстрактот од ванила и межајте додека да добиете густа мазна смеса… Тргнете ја смесата од огнот и сипете ја во огноотпорен сад кој ќе го покриеме со целофан за да не се фати кора. Ставете ја смесата во фрижидер околу еден час да се излади.

Чекор 3: Пресечете ги кајсиите на половинки вадејќи ги семките… Можете да ставите и кајсии од конзерва во зимскиот период, но кога се свежи – СВЕЖИ СЕ!

Чекор 4: Земете коцки лиснато тесто со тежина од 125 грама, одмотајте ги и со помош на чинија или мал сад од нив отсечете круг... Круговите ставете ги на страна... Повторете ја постапката четири пати.

Чекор 5: Време е да ги споиме различните елементи. Ставете ги круговите лиснато тесто во тавата за печење и врз секој од нив со лажица ставете обилна количина крем. Размачкајте го кремот врз лиснатото тесто со задната страна од лажицата и потоа врз него ставете ги пресечените кајсии со заоблениот дел нагоре. Во оваа фаза на подготовката рецептот изгледа како пржени јајца на око…

Чекор 6: Ставете ја тавата во рерна загреана на температура од 150 степени 20 минути или додека лиснатото тесто да нарасне и да се испече… Кога ќе забележите дека кремот почнува да добива боја, пецивото е печено.

Чекор 7: Извадете ги од рерната, оставете ги да се излади и едноставно сервирајте едно од пецивата на чинија… Одозгора ставете шеќер во прав.

СОВЕТ: Овие пецива се толку добри што можеби ќе направите неколку за пријателите, но ќе ги изедете пред тие да дојдат. Самиот крем е прекрасен и можете да го комбинирате со исечкана банана како пудинг. А зошто да не го замените кајсиите со некое друго сезонско овошје како што се сливите или црешите?

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола ; Сет тави за пица
КасеролаСет тави за пица