Фичо ќе ни го подготви неговиот омилен Ирски ролат.

Подготовка

Чекор 1: Одделете ги жолчките од белките и во белките додадете 5 лажици шеќер. Белките цврсто изматете ги, жолчките додавајте ги една по една, а потоа додадете ги просеаните брашно и какао и екстрактот од ванила.

Чекор 2:Рерната загрејте ја на 200 степени, но печете 13 минути на температура од 170 степени. Од како ќе се испече пандишпанот, изгасете ја рерната и оставете го пандишпанот да постои во затворена рерна 3-4 минути. Не заборавајте дека не треба да ја отварате рерната додека се пече пандишпанот. Испечениот пандишпан, прекријте го со мокра чиста крпа и замотајте го во саканата форма.

Чекор 3: Изматете ги белките во цврст снег заедно со 6 лажици шеќер. Додадете го крем сирењето, малку сол и преостанатите 4 лажици шеќер. Додадете една доза ирско виски или ликер од ирски крем. Оригиналниот рецепт е со ирски крем. Матете се' додека не добиете хомогена смеса.

Чекор 4: Одмотајте го пандишпанот, премачкајте до со мед, па потоа со ирскиот крем и замотајте го во ролат.

Чекор 5: СРолатот треба да остои во фрижидер околу 2 часа или во замрзнувач. Фичо вели подобро е во замрзнувач.

Сервирајте по ваша желба.

СОВЕТ: За воздушесто тесто важно е белките да се матат посебно, посебно жолчките и брашното да се просее преку сеалка.