Оакако ги видов на интернет, постојано кога месам лепче си одвојувам тесто и ги правам овие декоративни сендвичиња за виршли, затоа што децата особено се радуваат.
Овие кутриња може да си ги направите и од вашето омилено тесто за кифли или леб. Јас ќе ви го прикажам овој начин кој го користев при изработка баш на ова декоративно тесто.

Се замесува средно меко тесто од сите состојки и се остава да стаса. Потоа се размесува и се сука кора со 1 см дебелина. Се вадат со чашка или тањирче кругови. Се прават ушињата на кутрињата односно се засекува кругот од страните и од долу. Од зрна бибер им се прават очи, а нос им се прави од парчиња маслинки. Ги ставаме во подмачкана тава со масло или на хартија за печење. Ги премачкуваме со жолчка помешана со 1 лажица масло. Малку треба да стасаат, некои 15 минути, па се печат на 220 степени во загреана рерна. Откако ќе се испечат се ладат, се сечат и се полнат со состојки по желба. Јас користев пржени компирчиња, мали виршли за да бидат таман во забите на кутрињата, зелена салата, малку сечкана зелка, кечап, мајонез и сенф.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани