Готово е за 15 минути, а е со убав вкус.
Пробајте.
Во сад се ставаат 2 вида брашно, пецивото, маслото, солта, оригано, босилек и се додава водата.
Се замесува тесто и се остава 5 минути да одмори.
Црниот домат се лупи, се сече на парчиња со дебелина од 2-3 мм.
Се пржат на загреано масло од двете страни.
Тестото се развлекува со сукало многу танко и се става во огругла тава бр 26.
Одозгора се премачкува со 1 лажица масллиново масло.
Се редат круговите испржен домат, насецканиот лук и кромид, сирењето.
Се става и се печи околу 7-8 минути.
Се спрема преливот, односно се соединуваат магдоносот, солта, маслиновото масло.
Испечена се прелива со приготвениот прелив

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани