Хранливи вредности на естрагон:

Естрагонот (тарагон) е многу популарна кулинарска билка која се користи за зачинување на вкусот, особено во медитеранските кујни. Ова ароматично, повеќегодишно растение е богато со хранливи фито-материи, но и со антиоксиданси кои помагаат во спречувањето на развојот на болести и одржувањето на доброто здравје.

Ботанички, естрагонот припаѓа на фамилијата Asteraceae, од родот Artemisia. Научното име на естрагонот е Artemisia dracunculus. Се претпоставува дека оваа билка потекнува од Централна Азија, најверојатно од Сибир.

Рускиот естрагон (A. dracunculoides) е поробусен вид кој е во блиско сродство, но е инфериорен според квалитетот во однос на естрагонот и поради тоа поретко се користи за готвење.

Оваа билка е мала грмушка која има тенки дрвенести, разгранети стебла кои достигнуваат височина до еден метар. Успева на богата, песоклива почва со соодветна количина на сончева светлина. Лисјата се мазни, темно зелени и со зашилени врвови.

Здравствени придобивки од естрагон:

  • Оваа исклучителна билка е богата со бројни хранливи фито-материи кои го подобруваат здравјето.
  • Главните есенцијални масла во естрагонот се естрагол (метил кавикол), цинеол и феландрен.
  • Естрагонот се користи во традиционалната медицина за стимулирање на апетитот и како лек за анорексија.
  • Научните истражувања покажаа дека полифенолните состојки во оваа билка помагаат при намалување на нивото на гликоза во крвта.
  • Лабораториските истражувања за екстрактот од естрагон покажаа дека одредени состојки во него ја инхибираат активацијата на крвните плочки, спречувајќи нивно лепење и насобирање на ѕидовите од крвните садови. На овој начин се спречува формирање тромбови во тесните крвни садови во срцето и мозокот, со што се обезбедува ефективна заштита од инфаркт и мозочен удар.
  • Билката е многу богат извор на витамини, како што се: витамин Ц, витамин А, како и витамините од Б-комплексот, како што се: фолатите, пиридоксин, ниацин, рибофлавин итн., кои функционираат како антиоксиданси, но и како кофактори во метаболизмот.
  • Естрагонот е исклучително добар извор на минерали, како што се: калциум, манган, бакар, калиум и цинк.
  • Естрагонот се користи во традиционалната медицина за стимулирање на апетитот и како лек за анорексија, диспепсија, гасови и икање.
  • Есенцијалното масло, еугенол, се користи терапевтски во стоматологијата, како локален анестетик и антисептик при лекувањето забоболка.
  • Естрагонот се користи за лечење несоница.

Медицинска употреба:

  • Естрагонот се користи во традиционалната медицина за стимулирање на апетитот и како лек за анорексија, диспепсија, гасови и икање.
  • Есенцијалното масло, еугенол, се користи терапевтски во стоматологијата, како локален анестетик и антисептик при лекувањето забоболка.
  • Естрагонот се користи за лечење несоница.

Избор и складирање:

Лисјата од естрагон се достапни во свежа форма во доцна пролет и во лето. Често, оваа билка се одгледува во дворовите, за свежите листови да бидат достапни по потреба. Лисјата обично се берат при цветањето, за да се исушат бавно на умерената топлина. Сушениот естрагон може да се најде во продавниците во текот на целата година.

Секогаш кога сте во можност обидете се да купувате свежи листови, затоа што имаат подобар квалитет и вкус. Барајте ги билките кои имаат опоен мирис. Избегнувајте ги тие што имаат собрани и избледени стебленца.

Штом ќе стигнете дома, измијте ги листовите со чиста вода од чешма, исушете ги со нежно бришење со мека хартиена крпа и ставете ги во одделот за зеленчук во фрижидерот, за употреба во брзо време. Сушениот естрагон треба да се стави во херметички затворен сад и да се чува на студено и темно место, каде што може да остане свеж и до 6 месеци.

Употреба во кујната:

Свежиот естрагон треба да се измие пред готвење. Вообичаено, билката во многу мали количини се додава во рецептите во последниот миг, за да се задржат вкусот и мирисот.

Совети за приготвување:

  • Свежиот естрагон се користи во зелени салати.
  • Листовите од естрагон се користат за додавање вкус на риба, јагнешко и пилешко месо.
  • Естрагонот е една од главните состојки на францускиот сос берниз, кој се прави со путер, жолчки од јајца, кромид и оцет со естрагон.
  • Исто така се користи за одредување на вкусот во традиционалниот божиќен леб наречен потика.