Најпрво да Ве запознаам со историјата на палачинките.
Кон крајот на 19 век во Париз живеела младата и популарна глумица Suzan Rajhenberg-Sizet. Tаа имала убав глас, крупни и сјајни очи. Имала многу обожаватели. Меѓу обожавателите бил и младиот кувар Zak кој сонувал еден ден да ја угости младата глумица со неговите специјалитети. И сонот му се остварил.
Една вечер после претставата во гостилницата дошла Sizet опкружена од своите обожаватели и сакала само да се напие шампањско. Zak радосен одлетал во кујната и и донел нешто што не било порачано, а тоа било златно - жолти палачинки натопени со прелив со извонреден вкус под името ,,Палачинки Sizet,,
Во знак на благодарност таа го пофалила и го бакнала во чело. Од тогаш палачинките станале хит во Франција и надвор од нејзината граница. Палачинките биле и омилен десерт на француската кралица Кatarina de Medici.
Овие палачинки и нас ни се омилени зошто се необично, вкусни, специфични, но лесни за правење.

Најпрво направите 4 стандардни палачинки. Значи палачинките се обични, но затоа филот и преливот е нешто совршено.

КРЕМ
Се вари кремот со млеко, шеќер и пудинг од ванила. Кога ќе олади се миксира со 70гр маргарин. Овој крем е доволно за 4 палачинки. Се премачкуваат палачинките и се превиткуваат на 4 дела.

ШАТО-прелив
Се миксира 1 јајце и 2 жолчки со 50гр шеќер. Во ова го додаваме белото вино кое е жешко и тоа во тенок млаз со постојано мешање. Потоа го враќаме на рингла и на тивок оган го вариме да се згусни. Со жешкиот прелив ги преливаме палачинките и ги наросуваме со мелени ореви и сок од портокал.
Изгледа тешко и комплицирано, но вреди да се проба овој феноменален вкус.Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани