Фичо ќе подготви раскошен тробоен чизкејк, со подлога од Орео колачи и филови со путер од кикирики и чоколадо. Незаборавно гастрономско доживување!

Подготовка

Чекор 1: Колачите ставете ги во сецко. Растопете го путерот и додајте го на колачите за смесата да се соедини. Од смесата направете подлога за колачот. На стреч фолија во сад нанесете ја смесата и убаво натапкајте ја.

Чекор 2: За светлата смеса ставете го крем сирењето во сад и матете. Додадете го путерот од кикирики и ванила екстрактот. Матете една минута и додадете го шеќерот во прав. Растопете една лажица желатин со малку млака вода (околу 30 мл) и додадете го во смесата. Нанесете го кремот веднаш врз подлогата и ставете го во фрижидер да се стегне.

Чекор 3: За темната смеса растопете го чоколадото со слатката павлака. Во сад за матење додадете го крем сирењето, ванила екстрактот и шеќерот во прав. Растопете една лажица желатин со малку млака вода (околу 30 мл).

Убаво изматете ја смесата и додадете го чоколадото и растопениот желатин. Матете додека убаво да се спојат. Сипете ја чоколадната смеса над светлата смеса и вратете во фрижидер уште 30 минути да се стегне.

Чекор 4: Украсете со чоколадни трошки и сервирајте!

СОВЕТ: Овој рецепт е посложен, но целиот труд вреди двојно. Внимавајте, не претерувајте со јадење, ова е многу калоричен десерт!