Сите состојки ставете ги во еден длабок сад и постепено додадете 350 мл. млака вода. Мешајте со дрвена лажица (никако не месете со раце). Тестото треба да биде лепливо (слично како за мекици).
Садот затворете го убаво со проѕирна фолија за тестото да не се исуши. Можете и дополнително садот да го ставите во кеса, јас така направив.
Оставете така на собна температура тестото да нараснува 12-18 часа. Што подолго нараснува тестото толку подобро.
Работната површина набрашнете ја со многу брашно. Истресете го тестото од садот на работната површина и преклопете го од двете страни кон средината (немојте да месите). При тоа користете повеке брашно бидејќи тестото е доста лепливо. Покријте го со крпа и оставете уште еднаш да нарасне околу 2 часа.
Заграјте ја рерната на 220°Ц и еден пекач (околу 30см. долг) со капак ставете го во рерната убаво да се загрее (30 мин.). Во врелиот пекач брзо ставете го тестото и поклопете со капакот. Така ќе добиете крцкава корка на лебот. Работете брзо за да не се олади пекачот.
Печете околу 45 мин. После 35 мин. тргнете го капакот и печете го лебот уште 10-тина минути.
Кога ќе биде готов, извадете го лебот од тавата и оставете на отворено убаво да се излади, не го покривајте со ништо, за да остане корката крцкава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови