Пилешкиот стек сомелете го на машина за месо.
Додадете го крем сирењето, солта и биберот и измешајте убаво.
Во посебен сад изматете ги со вилушка јајцата. Со лажица земајте од сместа правете мали плескавици. Ставете ги во презла, во јајца,  па пак во презла и пржете во загреано масло додека поцрвенат.
Можете да ги замрзнете и по потреба си вадите и пржите.
Децата ќе ги обожаваат сигурно. Пробајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови