Брзиот колач е вистинска Шкотска класика. Тоа е еден вид бисквит кој се топи во уста како путер. Обично се купува како подарок, но овде ќе Ви покажеме како да го направите сами за Божиќните празници.
Готвиме заедно со Кејт од американската слаткарница К8 во Старата чаршија.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 226 грама путер
  • 100 грама шеќер
  • 230 грама брашно
  • 16 грама густин
  • 40 грама палента
  • Една четвртина лажичка сол
  • 50 грама ф’стаци
  • 50 грама суви брусници
  • 100 грама бело чоколадо

Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Лесно
Лица: 6-8
Време на подготовка: 30-60 мин.

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сад за сос и Сет тави за пица.

Подготовка

Чекор 1: На почетокот ќе измешаме дел од сувите состојки во длабок сад. Брашното, густинот, палентата и солта.

Чекор 2: Измешајте ги путерот и шеќерот, а потоа ставете ја смесата со брашното и мешајте за да се спојат сите состојки.

Чекор 3: Време е за сецкање: Исчистете ги ф’стаците од лушпите и исечкајте ги на крупни парчиња. Потоа исечкајте ги и сувите брусници, и на крај исечкајте го белото чоколадо.

Чекор 4: Намачкајте ја округлата Делимано тава со путер и потоа во неа ставете ја целата смеса. Притиснете ја смесата за таа рамномерно да ја покрие тавата. Ставете малку брашно на прстите за да ја олесните постапката.

Потоа земете вилушка и целата смеса издупчете ја со вилушката. Печете го колачот 30 минути на температура од 150 степени.

Чекор 5: Во меѓувреме, стопете го белото чоколадо во длабок сад на пареа. Ставете и малку млеко ако сакате да го разредите чоколадото.

Чекор 6: Извадете го колачот од рерна и оставете го малку да се излади. Ставете го белото чоколадо во слаткарска кеса за декорирање и нанесете го врз колачот. Одозгора расфрлете ги сувите брусници и ф’стаците и оставете го чоколадото да се стврдне.

Сервирајте парче колач на чинија. Уживајте!

СОВЕТ: Можете да го менувате односот на палентата и брашното зависно од тоа колку сакате колачот да биде крцкав. Погледнете и други рецепти за брз колач или експериментирајте со состојките за преливот. Брзиот колач е одличен Божиќен подарок за пријателите.