Сочен чоколаден колач, општо познат како брауни, поради неговата темно кафеава боја. Лесен, едноставен и најважно – пеколно вкусен!
1. Чоколадото го топиме над пареа.
2. Белките ги одделуваме од жолчките.
3. Жолчките ги проматуваме со виљушка, а белките ги матиме 15 минути во цврст снег со миксер.
4. Кога чоколадото е истопено, тргнете го од пареа и додадете му ги жолчките.
5. Измешајте со лажица, тогаш чоколадото ќе го изгуби сјајот и ќе стане грубо.
6. Потоа додадете ги изматените белки и внимателно измешајте ја целата смеса.
7. Тавата за печење бр. 26 обложете ја со пек хартија и внатре истурете ја готовата смеса.
8. Рерната загрејте ја на 200 степени, а колачот треба да се пече на 180 степени 20 минути. Надгледувајте го печењето, зашто секоја рерна пече различно.
9. Кога ќе е печен, колачот треба да биде тврд (внимателно допрете со прст за да проверите), а неговата површина малку распукана.
10. Оставете го колачот убаво да се излади, наросете со шеќер во прав по желба и послужете. Уживајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови