Фичо ќе подготви десерт од состојки што ги понел со себе во природа. Погледнете го видеото за да дознаете како!

Подготовка

Чекор 1: Путерот растопете го во сад. Состојките измешајте ги во поголем сад. Бананите испасирајте ги со вилушка и додадете ги во смесата.

Чекор 2: Месете ја смесата убаво да се соедини. Ако смесата е мека, додадете мелени бисквити; Ако смесата е многу сува, додадете уште малку млеко, за да добиете смеса која ќе биде лесна за работа.

Чекор 3: Од смесата правете бомбици и валкајте ги во кокос или чоколадни трошки.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Доколку сакате можете да додадете сечкани јаткасти плодови.