Фичо ќе приготви брза и лесна англиска пита, со печурки, пилешко и прокељ. Тестото е всушност капак на филот.

Подготовка

Чекор 1: Месото исечете го на ленти со дебелина од 1 сантиметар. Пржете го во голема тава на оган со маслиново масло. Додадете го мускатното оревче, сол и табаско.

Чекор 2: Додадете го путерот, исецканото младо кромидче, малку чили, мајчина душица и прокељот. Печурките тенко исецкајте ги и додадете ги во тавата. Додадете ја павлаката, брашното и сенфот и бујонот. Промешајте убаво да се соедини и оставете да се издинста.

Чекор 3: Издинстаното месо префрлете го во тавата за печење и прекријте го со лиснатото тесто. Премачкајте го со изматено јајце и печете на 200 степени во загреана рерна додека да зарумени.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: И не заборавај! На сите ни е потребна идеја во кујната... Затоа, доколку ти се допаѓа овој рецепт, биди вистински пријател и сподели!