1. Оризот се мие убаво додека престани да испушта бело во водата и се остава во цедалка за 1 час.
2. Во сад на оган се става водата и се додава оризот се покрива со капак и откако ќе започни да врие се остава 10-15 минути да се вари.
3. Готовиот ориз се остава со покриен капак уште 15-20 минути.
4. Во мал сад се промешуваат оцетот, солта и шеќерот и се додаваат во оризот, се промешува да се соедини.
5. Сусамот се потпекува на суво тавче.
6. Краставицата се лупи се сечи на половина по должина и секоја половина уште на 4 ленти по должина.
7. Шкампите се почистуваат убаво.

УРАМАКИ СУШИ
1. Врз подлога за суши се става фолија, а врз неа се става нори кората со рапавата страна нагоре.
2. Врз алгите се ставаат 3-4 големи лажици од подготвениот ориз и се распределува со многу влажни прсти.
3. Така подготвено се превртува со оризот од долната страна, а алгата од горната страна.
4. Во едниот крај се става крем сирењето, краставицата и сурими ролничките и внимателно се витка (се внимава да се тргнува фолијата), а со подлогата се притиска внимателно самиот суши ролат.
5. Готовото суши се валка во печениот сусам.

 МАКИ СУШИ
1. Бамбусовата основа се подготвува по истиот начин како за урамаки суши, оризот се распределува по истиот начин само што сега листот нори не се превртува од другата страна, а во едниот крај се става од краставицата и сурими и се витка повторно како ролат како кај урамаки, но сега оризот е од внатрешната страна на нори кората.

НАГИРИ СУШИ
1. Од оризот се формираат ,,прсти,, и врз нив се поставуваат исчистените шкампи
-Готовите ролати суши се сечат со многу остар нож кој се мие по секое пресечено парче суши.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови