Најстариот начин на подготовка на мармалади го користам сеуште, без додаток на конзрванси и примеси, така да се изведи приближно вистинскиот вкус на овошјето од кое се прави,идеи и начини се многу јас го оставам преписот од мојата свекрва.

Кајсиите убаво иззреани се мијат и се сечат на четвртинки. Во сад во кој ќе го варите мармаладот се ставаат сите кајсии и одозгора се посипуваат со шеќерот и така нека отстојат барем 12 саати (обично преку ноќ). На силен оган се варат 30 мин.притоа на почеток кога се создава пена се оттргнува со лајца, треба да остава пат мармаладот кога поминете попреку низ тенџерето тоа е знак дека е доволно варење. Ако сакате да е мазна конзистенција малку испасирајте (со лајцата за пасирање пире) ако не ви смета оставете и по некое парче да се чувствува.
Топол се собира во топли теглички кои откако се наполнат се превртуваат со капакот надолу и така да се подоладат прекриени со крпа, потоа се враќаат пак во нормална положба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови