Тиквичките, компирот и кромидот ги рендаме малку ги посолуваме и оставаме малку да отстојат да ја пуштат водата. Потоа убаво ја истискуваме пуштената течност и додаваме рендано сирење, може и фета да ставите само згмечете ја. Ги додаваме јајцата и сите преостанати состојки мешаме да се изедначи смесата.
Во загреена тава со масло по една лажица ставаме од смесата од тиквички и пржиме од двете страни. Пржете на умерена температура да не ви прегоруват набрзина пред да се спржат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови