Вкусни посни јафа коцки кои многу брзо се прават. Се стваат во пластичен сад сите состојки (брашното,маслото,водата,шеќерот,пецивото и ванилата) и се мешаат со лажица. Смесата се става во намрсен плех и се печи на 180 степени околу 20 тина минути. Се остава тестото убаво да се излади. Се сечи на половина.
Едниот дел ќе биде подлогата. Другиот дел се рони во пластичен сад, на кој му се додава 2 исцедени портокали плус рендана кора, растопено чоколадо со маргарин, мармаладот, шеќерот и се меша убаво додека не се изедначи смесата. Со овој фил се премачкува тестото и одозгора се додава глазурата. Се остава да се здрви 1 час и се сечат коцки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови