Изнутриците убаво измијте ги во 3 води, со тоа што во последната оставете ги да провријат, па потоа убаво исцедете ги.
Во тава на оган ставете масло да се загрее и додајте ги изнутриците.
Откако ќе се запржат, додајте го виното.
Откако ќе испари виното додајте го сенфот, кромидот исечен на покрупни резанки, лукот, ловоровите листови, жалфијата и рузмаринот.
Налејте и малку топла вода, покријте со капак и оставете да се готват на среден оган.
При крај додајте мешан сув зачин и црн бибер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани