1. Шпагетите ги вариме на вообичаениот начин, а додека тие се варат го спремаме сосот.
2. Колбасите ги сецкаме на кругови и ги пропржуваме.
3. На доматите им ја острануваме лушпата и ги рендаме, па откако колбасите ќе се пропржат ги додаваме и доматите во тавата. Додаваме зачини и оставаме да се крчкаат на тивко, додека да испари течноста од доматите.
4. Сервираме од шпагетите, и на средината ставаме од сосот.

Пријатно јадење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови