Можеби малку комплицирано ќе звучи, но кога се прави не изгледа дека е така. Долгиот текст што ќе следува е обид да објаснам најмногу што знам.

Во погоден сад се ставаат сите состојки за тесто,  а квасецот не се зафаќа т.е. надојдува на страна туку веднаш се растопува во млакото млеко и се додава во садот со другите состојки се меси тесто подолго време, додека стане глатко и мазно. Се остава да се одмора. За тоа време од наведените состојки за фил се прави подготовка на следен начин.

За филот 1 и 2 одделно предвидените состојки за секој се ставаат во блендер да се измиксаат и се тураат во посебни чаши, а третиот фил се спрема со матена белка со виљушка и дробено сирење, па се додава макот. Отстоеното тесто не се премесува туку одма се дели на три дела и тоа 2 еднакви и еден малку поголем од нив. Поголемиот дел го премесуваме со филот 3, па ставаме и 2-3 лајци брашно (за да се створи тесто попогодно за обработка, зашто е доста меко) во останатите 2 дела ставаме од филот 1 во едниот дел и филот 2 во другиот дел, притоа исто додавајќи 2-3 лајци брашно, па се замесуваат заедно.
Сега се добива обоено тесто во жолтеникасто-кафе боја и розева. Тие два делови се сукаат надолго како суканки долги некаде 50 см.и двата се преплетуваат како сврдли меѓусебе. Од поголемиот дел со мак и сирење се сука правоаголна кора која е прилично долга колку и самиот двобоен сврдел. На едниот крај од оваа кора се става замотаното обоено тесто и се рола заедно како ролат со белото-мак тесто, се става во силиконски калап кој претходно сме го премачкале со маргарин и се прават засеци во тестото на 8-9 места, се остава да се кисни 40-тина мин. Киснато се премачкува со топен маргарин и се посипува мак, па се печи. во загреана рерна на 200 -10 мин.

Откако запечи на 175 уште некои 40 мин. жешко се прска со вода ладна и се витка во крпа додека сосема олади после се сечи..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови