Кексот се подготвува стандардно.
Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, се додава маслото, млекото и на крај брашното со пецивото.
Се излева во намрсен и побрашнет тркалезен калап со пречник од 34цм., а можи и правоаголен.
Се печи околу 30 мин. на 180 степени во претходно загреана рерна.
Се остава да излади и се сечи на коцки. Моите беа 4,5цм. на 4,5 цм..

Преливот се спрема на тој начин што се вари какаото-се става шеќерот, какаото и млекото и се зоврива. Се додава маргаринот и чоколадото и се меша додека целосно се стопат на намален оган - умерен. Се додава рум.
Се остава малку да здивни-олади и со помош на вилушки се потопуваат коцките.

Потоа се валкаат во кокос.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани