Откако ќе го исчистите коренот од целер и исецкајте го на тенки кришки пресечени на половина. Во Вок тава на оган ставете малку путер и маслиново масло па пропржете го ситно исечканиот кромид и лук зачинети со мешавината од зачини, па додадете го целерот и ставете 3 лажици бело вино и три лажици вода. Оставете да се динста едно половина час додека не омекне целерот, повремено додавајќи вода ако за тоа има потреба. Ова предјадење се сервира со салата од рукола и црвени патлиџани.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови