1.Во подлабоко тенџере ставаме 3 литри вода и 3 лажици зејтин да проврие.
2.Ги рендаме компирот , 5 чешниња лук и морковите.
3.Од меленото месо, оризот 1 јајце, малку црн бибер ,2 чешниња ситно исецкан лук, дел од одредената количина сол и вегета, формираме ќофтиња мали топчиња и заедно со останатата сол и вегета ги ставаме во тенџерето.Ги додаваме ренданите состојки и вариме еден час на тивок оган.
4.Го тргаме тенџерето и го додаваме пресното и киселото млеко и ставаме да проврие уште петнаесетина минути за да се добие хомогена смеса.
5.Матиме едно јајце со вилушка и го додаваме во чорбата постојано мешајки.
6.На крајот додаваме црн бибер и свеж или сув магданос.
Пријатен ручек - да ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани